Покрај атрактивноста и историската вредност, оваа скапоценост од 1937 година е исклучително ретка – направена е во само два примероци

Talbot-Lago T150-C SS1

Talbot-Lago T150-C SS кого го гледаме на фотографиите е еден од само два изработени примероци на овој модел со затворени предни калници.

Автомобилот, кој заради специфичниот облик на каросеријата се споредува со капка вода, направен е во фабриката Talbot во ноември 1937 година. Втората светска војна возилото ја преживеало вешто сокриено и воопшто не било користено во тие бурни години.

Talbot-Lago T150-C SS

Приказната за овој прекрасен олдтајмер продолжува во 1946 година кога бил регистриран во Швајцарија и преуреден во кабриолет. Сопственикот го менува во 1966 година и повторно во 1987, кога и му е вратен првобитниот изглед.

Talbot-Lago T150-C SS користи оригинален 6-цилиндричен бензински мотор. Возилото ќе биде изложено на аукциска продажба месецов во Италија, а се проценува дека цената ќе достигне сума од 4 милиони долари.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.