Создаден од Signes Advanced Technology, едниот од само два направени примероци се наоѓа во Европа, додека вториот е во јапонска приватна колекција

maxresdefault

Lamborghini имаше многу амбициозна програма на спортски автомобили, кои беа жестоки ривали на големите Porsche 911 GT1 и McLaren F1 GTR.

За жал, проектот е стопиран, но не пред на пазарот да се појават два тркачки фокусирани единици на Diablo.

Lamborghini Diablo GT1 Stradale, едниот од само два направени примероци се наоѓа во Европа, додека вториот е во јапонска приватна колекција.

102303

GT1 Stradale е направен од специјалистите за спортски возила Signes Advanced Technology.

Во срцето на овој полнокрвен спортист чука 6.0-литарски V12 со сила од 655кс, а сместен е во препознатлива каросерија креирана од јаглеродни влакна, која драматично го менува претходниот дизајн на компанијата Lamborghini.

Ентериерот е исто така изменет од улично легалните Diablo модели и доаѓа со специјален педален менувач, шалтхебла и секако спортски модифицирани команди.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.