Шпионските фотографи, кои биле на терен демнејќи нови модели, имале богат улов – пред-продукциски примерок на Audi A7 во пламен

2

Audi веќе извесен период работи на развојот на новата генерација на големото купе А7. Во оваа фаза возилото се испитува во најразлични услови на возење, различни надморски висини и поднебја и различни оптоварувања, а автомобилот наместо конечниот дизајн има привремена каросерија.

Едно вакво тестирање се одвивало деновиве на патиштата на австриските Али, а возилото влечело и оптоварена приколка.

5

Во еден момент возилото наеднаш се запалило, а драмата ја забележал шпионски фотограф кој само сакал да го слика новиот А7 како тестира.

Чадот и првите пламени јазици се појавиле помеѓу хаубата и ветробранот, а возачот и инженерот застанале покрај патот и успеале на време да ја спасат вредната опрема за тестирање од опожареното возило.

Обидот за гаснење на пожарот со прирачниот апарат не вродил со плод, па пламенот набргу го зафатил целото возило.

Драмата траела околу 20-на минути, а оганот е изгаснат дури по интервенцијата на противпожарната бригада. Возилото е целосно уништено, а за среќа повредени нема.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.