На почетокот на мај објавивме информации за редизајнираната 308-ка, а сега имаме прилика подетално да видиме како овој автомобил изгледа од сите агли

Peugeot-308-2018-1024-05

Четири години по лансирањето на актуелниот модел 308 и три години по титулата „Автомобил на годината во Европа“, компактниот хечбек на францускиот „лав“ доживува прв редизајн, а стилски измени претрпе и караван верзијата.

Овој пат францускиот „лав“ се одлучи за дискретна рестилизација на моделот 308, а најголемите промени се на предниот дел на возилото – нови се маската на ладилникот и браникот, додека лед светлата се заменети со помодерни лед ленти.

Peugeot-308-2018-1024-06

Браникот има поголеми отвори за воздух, а нови се и магленките.

Најважните промени на моделот за 2018 година се однесуваат на моторизацијата и на преносните системи.

Најсилната дизел верзија 308 GT со мотор од 180кс сега е опремена со нов 8-брзински автоматски менувач, за разлика од актуелниот кој користи 6-степен автоматик.

Peugeot-308-2018-1024-16 (1)

Покрај ова, Peugeot 308 за 2018 е прв модел на овој француски произведувач кој го доби ново развиениот 4-цилиндричен дизел мотор од 130кс со пониска емисија на штетни гасови.

Унапреден е и PureTech 130 S&S бензинецот, кај кого е намалена потрошувачката на горивото и емисијата на штетни гасови, а моторот е поврзан со нов 6-брзински мануелен менувач.

Промените на задниот дел се скоро незабележливи, а во главно се однесуваат на редизајн на задната светлосна група.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.