Наскоро стартува сезоната на годишни одмори кога голем број на наши возачи ќе се упатат надвор од земјава

Ограничување на брзината

За разлика од домицилните патишта, во друмската мрежа кај повеќето земји доминираат автопатиштата и затоа треба прецизно да се знаат основните информации – ограничувањето на брзината, висината на казните и начинот на плаќањето.

Кога станува збор за ограничувањето на брзината, најбавно е потребно да се вози на норвешките и кипарските автопатишта – 100км/ч. Ветената земја за љубителите на брзината е Германија каде нема генерално ограничување, а препорачана брзина е 130км/ч. Треба да се прецизира дека во Германија сепак постојат бројни точки со ограничена брзина, а прекршителите ригорозно се казнуваат.

Норвешка е најстрога кога станува збор за брзина на автопатиштата и меѓу најострите при казнувањето. Прекршителите кои возат 20км/ч побрзо од максимално дозволената на норвешките магистрални и автопатишта ќе мораат да платат казна од најмалку 400 евра, а 50км/ч над ограничувањето чини повеќе од – 900 евра!

Оние кои возат 50км/ч над дозволената брзина најостри казни можат да очекуваат и во Велика Британија (до 3.250 евра), Аустрија (до 2.000 евра), Франција (1.500 евра), Швајцарија (до 60 дневници) и Финска (14 дневници).

Плаќањето на патот е различно решено. Некаде е потребно да се купи вињета (Унгарија, Романија, Чешка и Словачка), додека некаде секоја делница се плаќа поединечно – Хрватска, Србија, Италија, Франција, Шпанија, Португалија и Полска.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.