Налик на библијската борба на Давид и Голијат, по налетот на малиот Prius, огромниот Brabus е поразен во секунда

download

Во чудна сообраќајна несреќа во Лондон нема повредени, освен сериозно нарушената гордост на сопственикот на оваа грдосија од 700 коњски сили.

Несреќата се случила кога возачот на Brabus преработката на легендарната Mercedes G класа поминал на црвено светло, пресекувајќи пат на Toyotа Prius, која се забила во страничниот дел на моќниот теренец.

Тотално спротивно на очекувањата, епилог на незгодата е превртен огромен Mercedes.

maxresdefault

Налик на библијската борба на Давид и Голијат, по налетот на малиот Prius, огромниот Brabus теренец е поразен во секунда заради високото тежиште. Целосен опозит од последниот филм во серијалот „Умри машки“ каде буквално ги газеше автомобилите.

На крајот ќе наведеме дека скапиот теренец бил однесен со влечна служба, додека „Приусот“ бил во каква-таква возна состојба.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.