Истражувањето по кои нормативи и како одделни авто произведувачи ги изработуваат и опремуваат своите возила за одредени пазари даде монструозни резултати

Dacia Duster

Истражувањето по кои нормативи поедини авто произведувачи ги изработуваат и опремуваат своите возила за одредени пазари даде монструозни резултати.

Евидентно е дека човечкиот живот во Франција и Германија повеќе вреди од колку во Индија, а за ова поразувачко и неверојатно тврдење доказ е и Dacia/Renault Duster.

Безбедносниот фактор на моделот, варира и од строгоста на тестовите. На пример, европските тестови за безбедност се спроведуваат при брзина од 58км/ч, Global NCap тестира со 64км/ч, додека националниот стандард при фронтален судир во Индија е само 48км/ч.

Токму заради ова и различното опремување за поедини пазари, Dacia Duster доживеа катастрофа на Global NCap тестот. Судирот со тврда препрека при 64км/ч предизвика сериозни повреди за возачот и совозачот, а детската безбедност е оценета само со две ѕвездички.

Повеќето нови автомобили изработени за индискиот пазар не поседуваат дури ни воздушни перници, а тестираниот Duster поседувал само една – возачката и тоа мала и неефикасна.

Инаку, Duster не е единствената безбедносна катастрофа создадена за индискиот пазар.

На црната листа се наоѓаат и Renault Kwid, Suzuki Maruti Alto, Swift, Celerio, Eeco, Hyundai Eon, i10, Volkswagen Polo, Ford Figo, Datsun Go, Mahindra Scorpio, Chevrolet Enjoy, Tata Zest.

Би било интересно Global NCap да ги тестира моделите кои се испорачуваат во Македонија, сигурни сме дека Индија во овој случај не би била толку далечна земја.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.