Водителот на Grand Tour и екс Top Gear, Ричард Хемонд, при снимање во Швајцарија доживеа тешка несреќа возејќи го опасниот по живот електричен суперспортски Rimac Concept One од хрватско производство

hammond

Ричард Хемонд, еден од водителите на автомобилското шоу The Grand Tour на Hemberg Hillclimb во Швајцарија целосно ја загуби контролата врз Rimac Concept One, пролета низ заштитната ограда и заврши во провалија.

Електричниот супер-автомобил потоа се запалил и е тотално девастиран, а среќниот Хемонд се извлече само со фрактура на колено.

Хемонд возел унапреден Concept One од 2017 со 1.224кс.

Овој болид од место до брзина од 100км/ч забрзува за 2,5 секунди и не застанува до максималните 354км/ч, но треба да се прецизира дека се работи за еден вид на прототип кој се уште не е доволно испитан, ниту тестиран.

Несреќата на Rimac, заедно со црната серија на Tesla, укажува на многу опасен проблем, кој го имаат овој тип на електрични возила.

Concept_One

Литиум-железно-фосфатните батерии, кои служат за напојување на електромоторите, се екстремно запаливи и опасни.

Овој проблем е одамна познат во авиоиндустријата, заради што по низа инциденти истите се пакуваат и вградуваат во специјални железни сандаци, безбедносна мерка која во автоиндустријата не е пракса заради екстремната тежина.

Concept_One2

Освен опишаниот опасен недостаток, Concept One има и огромен проблем со управливоста и стабилноста.

Rimac Concept One е некој вид на егзибиционен автомобил (за кој произведувачот од петни жили се труди да влезе во сериско производство), конципиран за екстремни забрзувања на правец, но не и за серија на кривини, односно реално спортско возење.

VEB5JayvR86qwyJ_nqlQgQ

За крај ќе прецизираме дека причината за несреќата е во неприлагодената концепција на погонот и подвозјето за секојдневно спортско возење, а не е грешка на Ричард Хемонд, како што хрватските „стручни“ медиуми се обидуваат да прикажат, неуспешно бранејќи го единствениот домашен авто произведувач.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.