Американската икона Ford Mustang „падна“ во рацете на тјунерската куќа Schropp благодарение на што сега овој култен автомобил располага со дури 807кс

Ford-Mustang-SF600R-3

Станува збор за тјунер од Германија, кој креира уникатни возила.

Нивниот последен проект е базиран врз моделот Mustang, кој покрај изменетиот екстериер и засилениот агрегат, добива и ново име – Schropp Tuning SF600R Ford Mustang.

На 5.0-литарскиот V8 агрегат од 421кс сменет е блокот на моторот, клиповите и радилицата. По замената на овие компоненти со нови и засилени, тјунерот вградува и компресор.

Резултат е двојно повеќе „коњи“ – 807, со вртежен момент од 950Nm. Schropp вградува и нов спортски издувен систем.

Германскиот тјунер го унапреди и подвозјето со вградување на иновиран KW V3 систем на амортизери и опруги со подесување на висина, тврдина и агол.

Фабричките сопирачки се заменети со StopTech систем со високи перформанси.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.