Од мај месец 2016 заклучно со 30 април 2017 на европскиот пазар Alfa Romeo продаде само 19.000 единици на моделот Giulia

Alfa_Romeo-Giulia-2016-1024-01

Челниците на Alfa Romeo имаа големи очекувања од овој модел, кој потполно потфрли со продажбата.

Ситуацијата со вкупните бројки е уште полоша од европските – во 2016 се продадени само 73.000 единици.

Планираното ниво на производство на Alfa Romeо за 2017 година изнесува 170.000 возила, па единствено чудо или можеби моделот Stelvio може да ја спаси компанијата.

Alfa_Romeo-Stelvio-2018-1024-01

Евидентно е дека во периодот на најголемата SUV еуфорија, седанот Giuliа дојде предоцна и со многу негативности во однос на конкуренцијата.

Токму заради ова, компактниот кросовер Stelvio сега претставува сламка за спас на Alfa Romeo.

Но, сепак судејќи по неуверливоста и неоригиналноста на посочениот модел, доаѓаме до заклучок дека нема реален основ за излегување од криза за брендот Alfa Romeо.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.