Токму како и нивните M и AMG роднини, овие два лути ривали имаат многу работи да расчистат меѓу себе, помеѓу останатото и – кој дволитарски дизел е побрз?

BMW-520d-vs-Mercedes-Benz-E220d

Без разлика дали се „протнуваат“ низ густ сообраќај, претекнуваат на автопат или едноставно се наоѓаат на пол позиција при стоење на црвен сигнал на семафор, овие два модели се едни од најголемите ривали моментално на европскиот пазар.

Колку се слични двете возила говорат и параметрите од нивните перформанси.

maxresdefault

BMW 520d поседува дволитарски дизел мотор со 187кс и 400Nm вртежен момент, додека Mercedes-Benz E220d доаѓа исто така со мотор од 2 литри, поседува идентичен вртежен момент, но за нијанса поголема сила – 191кс.

На права линија E220d развива стотка од место за 7,3 секунди пред да достигне максимална брзина од 240км/ч, додека од друга страна на 520d му требаат 7,5 секунди за истата задача, а развива максимални 235км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.