Симпатичниот „бумбар“ на Citroën е наследник на C3 Picasso, помал брат на Peugeot 3008 и близнак со Opel Crossland X

Citroen-C3_Aircross-2018-1024-04

Смената на генерациите Citroën ја искористи да ја смени ознаката на својот MPV модел, но и неговата форма, така да за разлика од миниванот C3 Picasso, новиот C3 Aircross припаѓа во кросовер сегментот.

За да не ве збуни номенклатурата мораме да прецизираме – Citroën C3 Aircross, новиот француски адут, не е направен врз базата на C3.

Симпатичниот „бумбар“ е долг 415, широк 176 и висок 164 сантиметри, помал брат е на Peugeot 3008 и близнак на Opel Crossland X, прв Citroën од серијата заеднички модели на Opel и PSA.

Citroen-C3_Aircross-2018-1024-0a

Citroën C3 Aircross е од Opel Crossland X пократок за 6 и повисок за 5 сантиметри, а од Renault Captur е подолг за 3 и повисок за цели 8см.

Направен е, како и Peugeot 3008, на EMP2 (Efficient Modular Platform) платформата, која не е предвидена за 4х4 погон, кој објективно и не е потребен.

Подницата е 14 сантиметри оддалечена од тлото, што е доволно за повремени теренски возења, за што помага и електронската блокада на диференцијалот.

Во понудата се бензински мотори – атмосферски PureTech 82 и турбо PureTech 110 и PureTech 130, а во дизелската понуда спаѓаат BlueHDi 100 и BlueHDi 120.

Основниот бензинец и дизелаш се со 5-степен рачен менувач, а останатите се со 6-степен, додека најсилните со доплата добиваат автоматик со 6 степени.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.