Ултра лимитираната серија од 80 единици на болидот со 1.500кс продадена до последен примерок

625594254f0b2291216260

Од компанијата соопштија дека е распродадена цела планирана серија, а одредени нарачки од нив допрва ќе се изработуваат.

Се очекува дека оваа информација ќе ја подигне цената на Koenigsegg Regera на пазарот, што на некои од сопствениците кои ќе се одлучат на продажба ќе им донесе солидна заработувачка.

2015 Koenigsegg Regera; top car design rating and specifications

Regera е прв Koenigsegg со хибриден погон, во себе комбинира 5.0-литарски twin-turbo V8 и три електромотори, а возилото нема класичен менувач, туку практично користи една единствена брзина за забрзување.

Вкупната комбинирана сила достигнува неверојатни 1.500кс, а Regera од место до брзина од 100км/ч пристигнува само за 2,7 секунди и не застанува до застрашувачките 410км/ч.

Секој примерок на овој исклучителен хиперавтомобил чинеше околу 1,9 милиони долари.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.