„Иднината припаѓа на сите“ е новото мото на брендот Opel

½«ú«

„Иднината припаѓа на сите“ е новото мото на брендот Opel, со кој овој произведувач сака да ги „демократизира“ новите технологии и да ги направи подостапни на сите свои купувачи.

„Opel е пионер во демократизацијата на иновациите. Новите технологии од секогаш ги правевме достапни на широкиот аудиториум на нашите купувачи“, изјави директорката на Opel дизајн, Тина Милер.

Почетокот на новата ера, исто така, ја најавува и новата молња на Opel.

Opel Inignia Grand Sport

Основните компоненти на логото на Opel ќе бидат задржани, со кругот како симбол на тркалото и молњата како знак на чистата енергија. Целта е да биде јасно за препознавање, дури и при летимичен поглед.

Новата Opel Insignia Grand Sport е прв сериски автомобил на компанијата со новото лого, во овој случај во 3Д издание.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.