Чиста hot hatch класика – лесна, силна, издржлива и безобразно брза, но денес, за жал, ретка на улиците

ee98868db46bf0952eef291aa58f1413

На помладите генерации не е лесно да им се објасни дека порано господари на патиштата беа диви, нескротливи модели, на кои не им беше важен CO2, потрошувачката и безбедносните додатоци.

На турбо ракетите од тоа време, како што се Fiat Unо Turbo i.e., Renault 5 GT Turbo и на компактните спортисти Fiat Tipо Sedicivalvole и Opel Kadett GSi, на почетокот на 1988 година од Јапонија им пристигна вистинска конкуренција.

На европската сцена се појавува денес веќе митската втора генерација на Hondа CR-X – мало, лесно и силно купе со карактеристично остро исечен заден крај, создаден на основата на четвртата генерација на Civic.

Јапонскиот модел набргу станува вистински хит, а со независното ослонување и широката трага на задните тркала, диск сопирачките, 1.6-литарскиот атмосферец со 131кс со 16 вентили и две брегасти, јасно покажува дека во класата градски hot hatch стреми кон врвот.

Меѓуоскиното растојание изнесува кратки 2,3 метри, се вози со управувач без серво и со предни тркала, а ниското тежиште и врвното потпирање го држат CR-X залепен за асфалт.

При тоа, агрегатот просто моли да се врти, бидејќи црвеното поле започнува на 7200 вртежи, но сепак со моторот треба стручно да се работи, бидејќи максималните 143 Nm се достапни дури над 5700 вртежи.

Во изведбата со VTEC технологијата 1.6i-VT со 150кс и особено во JDM SIR варијантата со 160кс, перформансите на Hondа CR-X се уште побрутални, но и забрзувањето од нула до стотка за 8,5 секунди и 210км/ч најголема брзина на стандардната 1.6i-16 изведба беа уверливи бројки на градските патишта во 90-те години.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.