Очекувано без изненадувања кога е во прашање екстериерот, новото Polo порасна во однос на претходното, но конечно има значајни унапредувања во ентериерот

2017-VWPolo-24

Во халите на некогашната фабрика за пиротехника во берлинската четврт Spandau, Volkswagen ја претстави новата, шеста генерација на урбаното Polо.

Првиот впечаток е дека новото Polо по надворешниот изглед е само дотерана претходна генерација, но тоа тврдење сепак паѓа во вода кога ќе се погледнат габаритните параметри, бидејќи новиот модел по големина е во ранг со Golf 4.

Најголемо изненадување е потполно новиот дизајн на внатрешноста, а дигиталниот кокпит како да е преместен од поголемиот Golf, кој сериски е со големина од 6,5 инчи и 8,0 со доплата.

Во понудата ќе биде и широка моторна палета, со распон од 3-цилиндричен 1.0 бензинес со 65кс, па до 2.0 турбо со 200кс.

Цените на 2018 Volkswagen Polо на германскиот пазар стартуваат од 13.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.