Револтот кај возачите за издатокот наречен Зелен картон достигна точка на вриење на социјалните мрежи

20106706_1919957574912825_4124933694833016932_n

Револтот кај возачите за издатокот наречен Зелен картон достигна точка на вриење на социјалните мрежи, а една од објавите Високи Октани ја пренесува без редакциски интервенции:

„Плаќаме најскап зелен картон во Европа под изговор дека не сме членка на ЕУ!

На Србите кои не се членки на ЕУ не им треба Зелен картон за ЕУ, само за Македонија и БиХ кој чини 8 евра за една година!

Осигурителните компании во Србија се домашни, немаат ниту една странска како нас од Словенија и Австрија, Хрватска… но сепак ние немаме привилегии и плаќаме најскап зелен картон!

Дали има некој во државава да го среди ова или ќе не третираат како „овци“ и ќе не „стрижат“ како сакаат!?“

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.