Pantera беше и остана најуспешен и најпопуларен модел на De Tomaso, со 7.260 произведени единици, а 250 од нив се произведени во врвната GT5 верзија

DE TOMASO PANTERA GT53

Pantera беше и остана најуспешен и најпопуларен модел на De Tomaso, со 7.260 произведени единици.

Автомобилот е уникатна комбинација на најдобар италијански дизајн од таа ера и тогашните американски muscle модели, што резултираше со угладена егзотично спортска појава, која високо се истакнуваше над најдобрите Ferrari, Maserati и Lamborghini модели.

DE TOMASO PANTERA GT51

Од сите 7.260 примероци на Pantera симнати од производна лента, помалку од 300, а одредени статистичари проценуваат дека се 250, се произведени во GT5 верзија.

Многу поекстремна и помодерна од претходната GTS варијанта, поседува спортски амортизери, порадикална каросерија и се вкупно пожесток изглед.

Погонот е на задните тркала преку 5-степен рачен менувач, а придвижуван е од средишно поставен V-8 5766 cm3 мотор, со сила од 350кс.

DE TOMASO PANTERA GT510

Од надвор со врвна аеродинамична опрема и спортски дух, внатре чист престиж и луксуз.

Овој посебен модел кој денес го претставуваме поседува кабина во црна и бордо кожа, со контролна табла од благородно лакирано дрво.

Предметниот примерок е направен во 1984 година, се наоѓа во извонредна состојба и кондиција и на лицитација може да достигне цена од 200.000 долари.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.