По се изгледа дека во автоиндустријата се отвора уште еден лут фронт, кој нема да има многу допирни точки со воланот и тркалата, а ниту со екологијата, туку со нулите и единиците во светот на дигиталните податоци

ÇéÆÄìÄîìê éÄçêïÇ2

Автомобилската индустрија денес вложува многу, за утре да заработи ненормално многу, но веќе самата идеја за целта од нула сообраќајни несреќи и нула мртви во сообраќајот звучи утопијски, особено ако се знае дека по податоците на Светската здравствена организација секоја година во сообраќајот животот го губат 1,23 милиони луѓе.

Меѓутоа, производството на автономни автомобили е пред се голем бизнис и токму заради ова постојат цели струи на аналитичари и советници кои сметаат дека со продажбата на податоци кои ќе се собираат од автономните автомобили може многу да се заработи.

Изразот „ненормално многу“ значи бројки од трилијарди долари.

Аналитичарите кои гледаат профит во автономниот тренд во автоиндустријата сметаат дека со продажба на овие датотеки на податоци на Googlе/Apple може многу да се заработи.

Двата софтверски гиганти собираат вредни податоци со сознанијата каде оди патникот, кои му се
интересите и потребите и друго, а сето ова со поврзаноста која се планира отвора огромни можности.

Се наведува дека овие податоци собрани од автомобилите ќе бидат вредни како нафта или злато.

Една од симптоматичните работи е и што сето ова се случува без знаење и дозвола на сопственикот на возилото.

ÇéÆÄìÄîìê éÄçêïÇ

Меѓутоа, постои и опозитна струја која работите ги гледа од друг агол, а нивните аналитичари велат дека обидот за продажба на овие податоци ќе биде исто како да се обидете да продавате замрзнувач на еским, заради тоа што Googlе/Apple веќе располагаат со овие податоци.

Едниот од најхаризматичните лидери во автоиндустријата, претседателот на Fiat Chrysler Automobiles Серџо Маркионе тврди дека треба да се биде многу внимателен кога е во прашање создавање на деловен модел, кој ќе биде базиран врз продажбата на податоци.

Тој едноставно изјави дека на Googlе и на Apple треба да им се бараат милијарди.

По се изгледа дека во автоиндустријата се отвора уште еден лут фронт, кој нема да има многу допирни точки со воланот и тркалата, а ниту со екологијата, туку со нулите и единиците во светот на дигиталните податоци.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.