Покрај 3-краката, Gottlieb Daimler патентирал и 4-крака ѕвезда, која покрај превозот на копно, на вода и во воздух,  симболизирала и вселенски превоз

image_70956

Ѕвездата на Mercedes-Benz е еден од најпрепознатливите симболи на светот.

Готлиб Даимлер имал визија за универзален превоз, а трокраката ѕвезда совршено се вклопувала во таа приказна, каде секој крак претставува еден вид на мобилност – превоз на земја, вода и на небо.

image_70955

Меѓутоа, при крајот на 19 век Готлиб мечтаел дури и за вселенски превоз.

Неговите синови, Паул и Адолф, успешно ја водат компанијата, но од 1910 година сепак се одлучуваат за трокраката ѕвезда, бидејќи освојувањето на вселената во тој период им се сторил премногу смел потфат.

image_70954

Несуденото лого, ѕвездата со четири краци, ја присвојува DASA, аеронаутичката филијала на Daimler Benz, која постоеше од 1989 до 2000 година.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.