Најновиот адут на Lexus со 600кс ќе биде трн во око на конкуренцијата

Lexus-LCF-Reports-5

Јапонскиот Best Car Web потврди дека LC-F не само што ќе парира, туку и ќе ги престигне перформансите на најпотентниот Nissan GT-R и истовремено ќе нуди луксуз и префинет изглед кој може да се очекува од другите два конкуренти – BMW M6 и Mercedes-AMG GT.

Се очекува дека Lexus овој модел ќе го исфрли на пазарот за околу една година.

Lexus-LCF-Reports-4

Во актуелната варијанта, LC 500, се вртат 5.0 литарски V8 агрегат со внатрешно согорување и хибриден V6 склоп од 3.5 литри, но за да ја престигне конкуренцијата новиот LC-F ќе добие дополнително турбо полнење и сила од околу 600кс.

Во извештајот не стои дали Lexus планира да ја редуцира тежината на F моделот, но доколку тоа го стори ќе биде совршена постапка и тогаш дефинитивно го имаме победникот.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.