Да го поздравиме Blue Arrow, неверојатен 991.2 Turbo S со перформанси кои ги надминуваат сите очекувања кога се во прашање модерните супер автомобили

Edo Blue Arrow4

Под хаубата на фабричкиот 911 Turbo S се наоѓа мотор со 580кс, кој до стотка пристигнува за помалку од 3 секунди и не застанува до конечните 330км/ч, но верзијата на Edo Competition оди огромен чекор напред.

Edo Blue Arrow

Да го поздравиме Blue Arrow, неверојатен 991.2 Turbo S со перформанси кои ги надминуваат сите очекувања кога се во прашање модерните супер автомобили.

Наместо фабричките 580кс, Edo верзијата достигнува фантастични 675кс, што прави вистински чуда на асфалтот.

Edo Blue Arrow2

Германскиот тјунер наведува дека нивното Porsche достигнува стотка од место за само 2,7 секунди, а потребни му се 23,4 секунди да достигне брзина од 300км/ч.

Edo Blue Arrow3

Ова е за 6,2 секунди побрзо од возилото кое послужило како матрица, а новиот модел не се запира додека да не ја достигне максималната брзина од 342км/ч.

Како што си е и редот, куќата Edo Competition не креирала само одредени модификации на моторот и погонскиот склоп.

Edo Blue Arrow5

Компанијата додала и нов издувен систем, хауба во GT3 RS стил и ултра лесни спортски тркала, сместени на потпирање пониско за 30 милиметри.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.