Најновите анализи покажуваат дека бројот на сообраќајните несреќи со фатален исход каде причинителот е превисоката брзина се изедначени со причината  алкохол

National Transportation Safety Bord

Нова студија во САД прецизно покажа дека на патиштата во периодот од 2005 до 2014 година се случиле скоро еднаков број на сообраќајни несреќи со фатален исход од брзина и алкохол.

Имено,  во тој период на американските сообраќајници смртно настрадале 112.580 патници во несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, додека во сообраќајки предизвикани од прекумерно консумирање на алкохолни пијалаци настрадале 112.948 патници.

Студијата ја спровел National Transportation Safety Bord, кој коментирајќи ги резултатите, ги повика надлежните тела да ги засилат контролите за пречекорување на брзината на патиштата и нивото на алкохол во крвта на возачите.

Секако, многу е неблагодарено да се повлекуваат паралели, но повеќе од јасно е дека и на нашите патишта состојбата е идентична.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.