Ова е еден од многу ретките модели со monospecchio ретровизор

5

Моделот кој денес го претставуваме е Testarossa од 1986 година во елегантна комбинација на Blu Chiaro Metallizato екстериер со крем-син ентериер. Ова е еден од многу ретките модели со monospecchio ретровизор.

За класично црвените модели на Ferrari владее мислење дека можат да ги поседуваат богати луѓе, додека Ferrari во било која друга нијанса можат да ги поседуваат исклучително богати купувачи.

Среќниот сопственик кој го поседувал ова возило е Мајкл Мен, холивудски режисер и продуцент, познат помеѓу останатото и по сериите Miami Vice и Heat.

7

Мен креирал и промотивни филмови за италијанскиот бренд и бил блиско поврзан со филмски проект кој го драматизирал животот на Енцо Ферари.

Мен го возел својот Ferrari Testarossa Monospecchio цела деценија, пред да го гаражира исто толку време. Потоа, го купува еден француски колекционер, кој го праќа назад во фабриката заради реставрација и Classiche сертификат.

Сега ова импозантно возило се наоѓа на RM Sotheby’s листата, каде месецов ќе се појави на Монтереј аукцијата.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.