По само шест недели развој во фабриката за трактори, првенецот Lamborghini 350 GTV бил претставен во 1963, но хаубата била затворена

Lamborghini 350 GTV4

Доколку одберете било кое Lamborghini, добивате уметничко дело и инженерско чудо во ист пакет.

Но, почетоците за Феручио Ламборгини во автомобилската индустрија не беа мед и млеко.

Lamborghini 350 GT денес има легендарен статус како прво „Ламбо“ во историјата на овој бренд.

Произведено во 135 единици, но до ниту еден од нив не би дошло да не бил заборавениот прототип 350 GTV (Gran Turismo Veloce).

Lamborghini 350 GTV

Феручио ја основал својата автомобилска фирма во мај месец, а веќе во ноември на торинскиот салон е претставен 350 GTV. Моторот бил преголем, па под хаубата биле ставени – цигли.

Прототипот го дизајнирал Џорџио Преведи под будното око на Франко Скаљоне, а за агрегатот бил задолжен Џиото Бизарини, кој преминал од Ferrari.

Во текот на целото изложување во Торино, хаубата на возилото била спуштена, а моторот изложен покрај автомобилот.

Брзите подготовки изродиле и други негативности – прототипот немал кочиони клешти, педали, па ниту брисачи.

Моторот кој бил изложен на салонот бил 3.5 V12 со сила од 347кс. За продукциската верзија Феручио ја спушта силата на 274кс и го доработува екстериерот, ангажирајќи ја Carrozzeriа Touring.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.