Францускиот „лав“ ја засили понудата на својот најмал модел 108 со две нови специјални верзии – Collection и TOP! Roland Garros

2

Купувачите на Peugeot 108 Collection можат да одберат помеѓу 5 бои на екстериер со контрастен ентериер, а тука се и 15-инчните алу тркала.

Ентериерот е збогатен и со персонализирани патосници и прагови, кожен волан и рачка од менувачот, како и 7.0-инчен колор екран чувствителен на допир.

1

Монтирана е и задна камера, ретровизорите се со греење и електрично подесување, а тука е и Open & Go keyless entry системот на Peugeot.

Вториот модел, Peugeot 108 TOP! Roland Garros, се истакнува со портокалов електричен покрив, ретровизори во иста нијанса и затемнети стакла.

3

Тука се и лед дневните светла, навигација, автоматска клима и задна камера.

Во ентериерот „господари“ 7.0-инчен колор монитор осетлив на допир, опремен и со USB, Bluetooth и Peugeot Mirror Screen конекција.

4

108 TOP! Roland Garros е достапен во верзии со 3 и 5 врати, а моторот кој се користи за овие верзии е 1.2-литарски PureTech бензинец со 82кс.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.