Вистинско изненадување – Потполно неочекувано Ferrari претстави нов модел, непосредно пред Frankfurt Motor Show

0 Ferrari Portofino (2018)

Со идилична номенклатура – Portofino, новиот модел на Ferrari е напојуван со веќе усталена варијанта на twin-turbo V8 3.9 мотор, кој испорачува 590кс и 760Nm.

Овие перформанси се доволни да „удри“ стотка за 3,5 секунди и да не застане до максималните 320км/ч.

0 2

Унапредувањата на агрегатот, комбинирани со новиот издувен систем и варијабилната сила, која го зголемува вртежниот момент при менувањето на брзините, овозможува моторот на новиот Portofino да биде посилен од единицата на својот претходник California T.

0 1

Истовремено има поголема економичност.

Инспирацијата за дизајнот на овој модел доаѓа од 812 Superfast и GTC4Lusso, на што се должи агресивноста и маркантноста на линиите.

Ferrari-Portofino-2018-1024-05

Токму како и California T и California пред него, новиот модел доаѓа со цврст подвижен покрив како стандард.

0

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.