Кабриолети, спајдери, роадстери се автомобили без кров направени за возење по убавата страна на животот

Кабриолети, спајдери, роадстери се автомобили без кров направени за возење по убавата страна на животот. Нивните платнени покриви по перформансите се скоро еднакви со класичните метални, а шасиите се цврсти и безбедни.

Сепак, побарувачката за овој вид на возила на светскиот пазар не е голема, па ова се одразува на понудата на нови модели – повеќето се скапи и луксузни.

Да ги разгледаме најдобрите 10 за лето господово две илјади и седумнаесето:

AUDI R8 V10 SPYDER PLUS

AUDI R8 V10 SPYDER PLUS

Како и неговиот близок роднина Huracan LP610-4 Spyder, вози со V10 мотор со сила од 610кс и 560 Nm.

MASERATI GRANCABRIO SPORT

MASERATI GRANCABRIO SPORT

Италијанскиот убавец со четири седишта поседува V8 мотор од 4.7-литри, 460кс и 520Nm.

FORD MUSTANG

FORD MUSTANG

Американскиот Muscle Car од шестата генерација со себе носи и европски мотори и европско подвозје.

PORSCHE 911 TURBO S CABRIOLET

PORSCHE 911 TURBO S CABRIOLET

Најснажната изведба на легендарниот германски спортист до стотка пристигнува за само 3 секунди и не застанува до максималните 330км/ч.

KTM X-BOW GT

KTM X-BOW GT

Екстремен изглед со екстремни перформанси – 285кс и 420 Nm на само 840 килограми тежина.

ALFA ROMEO 4C SPIDER

ALFA ROMEO 4C SPIDER

Одличен автомобил, но заради високата цена и екстремниот пристап кон возењето не остварува добра продажба и заостанува зад конкурентските модели на Porsche и Lotus.

MERCEDES-BENZ S 63 4MATIC CABRIOLET

MERCEDES-BENZ S 63 4MATIC CABRIOLET

Прв фабрички кабрио од далечната 1971 година. Пеколни перформанси – 5.5 битурбо V8 мотор, 585кс и 900 Nm.

BMW 440i CABRIO

BMW 440i CABRIO

Најснажна изведба без буквата М – 326кс, 450 Nm и xDrive погон.

LOTUS ELISE CUP 250

LOTUS ELISE CUP 250

Најекстремната верзија на малиот британски спортист со својата тежина од само 860 килограми и сила од 243кс постигнува максимална брзина од 248км/ч.

FIAT 124 SPIDER

FIAT 124 SPIDER

Роднината на Mazdа MX-5, со својот 1.4-литарски мотор со сила од 140кс и 240 Nm развива максимална брзина од 215км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.