Верувале или не, на Pebble Beach Concours d’Elegance е претставена специјална верзија на моделот Zonda, вистинска егзотика која со години веќе не се произведува, од кога ја наследи Huayra

pagani-zonda-hp-barchetta-06

По цели 18 години од претставувањето на првата Zonda, на Pebble Beach Pagani ја прикажа специјалната верзија Zonda HP Barchetta, како реинтерпретација на оригиналниот модел со помош на најнови технологии.

Верувале или не, на Pebble Beach Concours d’Elegance е претставена специјална верзија на моделот Zonda, вистинска егзотика која со години веќе не се произведува, од кога ја наследи Huayra.

Како погонски агрегат одбрана е добро познатата атмосферска Mercedes-AMG M120 V12 единица, специјално развиена за Pagani.

Она што остана непознато е верзијата на овој агрегат, едни извори ја наведуваат 7.3-литарската верзија од Zonda Cinque со околу 680кс, додека другите ја споменуваат 6.0-литарската единица од Zondа Revoluzione, со фантастични 800кс.

Zonda HP Barchetta ќе биде произведена во само три примероци, а Хорацио Пагани, кој блескаше со својата елеганција, не соопшти ниту цена, ниту можност за набавка.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.