Кога нов Bentley пристигнува на светската сцена, конкурентите занемуваат

20953574_2069274913090081_6050177098442639302_n

Како инспирација за новиот Continental GT послужило концепт возилото EXP 10 Speed 6, што е лесно воочливо од светлосните единици и дизајнерските линии.

Под хаубата е унапредениот 6.0-литарски твин турбо W12 мотор со 635кс и 900Nm, во пар со 8-степен менувач со двојна спојка.

Наведените параметри се доволни за максимална брзина од 333км/ч и забрзување до 100км/ч за 3,7 секунди.

Новиот Continental GT се базира врз новата MSB платформа и затоа е полесен за 85 килограми од својот претходник (2.250кг), што резултира со потрошувачка на гориво од 12 литри и CO2 емисија од 278 грама по километар.

Освен купе каросерија, Bentley ќе понуди и кабрио издание, кое на пазарот ќе пристигне една година по купето.

Возилото е уште полуксузно од својот претходник, со најквалитетни материјали и пребогата опрема.

Помеѓу останатото, ќе го споменеме 12.3-инчниот екран на инфозабавниот систем, LED-Matrix светлосните единици, како и Torque-Vectoring, Dynamic Ride и Anti-Roll системите.

По сегашните најави, Bentley ќе започне со испораката на новиот Continental во месец март следната година, а подоцна ја очекуваме и послабата варијанта со V8 мотор.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.