Прецизни дефиниции за овие поими даваат Здружението на Автомобилски Инженери на Америка (SAE) и Институтот за Интернационални Стандарди (ISO)

0 s13_0021_fine

Прецизна дефиниција за купе каросериски облик дава Здружението на Автомобилски Инженери на Америка (SAE). Правилото „1100J“ вели дека купе е секој автомобил со тврд кров, чиј кабински волумен не надминува 930 литри. Возилата кои имаат поголема кабина се лимузини со две врати.

Малку полиберална дефиниција дава Институтот за Интернационални Стандарди (ISO), кој вели дека купе е автомобил со тврд кров и ограничен простор во задниот дел на кабината.

2017-mercedes-amg-gt-roadster-vs-coupe

Од друга страна, дефиниција за возило без тврд кров вели дека роудстер е кабриолет со две седишта и одвоен багажен простор, во кој евентуално може да се сместат седишта за патниците.

Синоним за номенклатурата роудстер е спајдер.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.