Возачот и патниците удобно и економично се возат во робустната француска лимузина, багажникот е еден од најголемите во сегментот, подвозјето е створено за македонската калдрма и сето ова за многу достапна цена

00 Clipboard

Првиот автомобил кој француската марка го развива посебно за категоријата лимузини од Б сегментот, Peugeot 301, од претставувањето во 2012 година е произведен во повеќе од 360.000 единици.

Успехот се темели, пред се, на пространоста на кабината и багажникот, кои се меѓу најдобрите во сегментот и робустноста, трајноста и удобноста во возењето и економичните мотори.

20170827_120605_HDR_Darkroom

Оваа лимузина претставува своевидна пресвртница за францускиот произведувач, кој на овој начин се враќа на своите корени – производство на квалитетни, издржливи и доверливи лимузини.

Поткомпактната лимузина на Peugeot го претрпува првиот редизајн по четири години на пазарот и сега изгледа многу помодерно, поатрактивно и поелегантно, нагласувајќи ги своите квалитети со нови адути на естетика и опрема.

20170827_120700_HDR_Darkroom

Новата предна маска, редизајнираните задни светлосни единици со 3Д изглед и новиот „светлосен потпис“ со предните лед елементи се доминантни во освежениот изглед.

За разлика од својот технолошки близнак Citroën C-Elysée, Peugeot 301 оптички потсетува на поголемиот 508, а со своите 4.445 милиметри помеѓу крајните точки е само 40-на милиметри пократок од Škodа Rapid, но и 100мм подолг од Dacia Logan, модели кои се обидуваат да му бидат конкуренти во класата.

20170827_120714_HDR_Darkroom

Патничката кабина е комфорна и пространа, простор за нозе и глава има како во бајка, а совозачот дури има и дополнителни сантиметри напред заради вовлечената фиока за ситници. Големото меѓуоскино растојание создава и многу простор и комоција на задната клупа.

Возачот бргу се привикнува на своето опкружување и работна позиција, а предните седишта пружаат странична поддршка каква се очекува од возило од повисок сегмент. Кокпитот е допадлив со функционални и едноставни команди на аудио системот и клима уредот на средишната конзола.

20170828_120856_HDR_Darkroom

Ергономијата е многу добра, се е на дофат на раката, а положбата на седењето е нешто повишена што овозможува одлична прегледност при возењето. Серво управувачот е непосреден и пружа одлична повратна информација од подлогата, а менувачот е прецизен, со краток од и шалта како врел нож во путер.

Еден од главните адути на Peugeot 301 е огромниот багажник со волумен од 506 литри, кој со спуштањето на наслонот од задната клупа може да се зголеми на 640 литри.

20170828_180320_HDR_Darkroom

Дизелскиот 1.6-литарски BlueHDi мотор на концернот PSA е еден од најуспешните агрегати во својата класа на светот. Проверениот доверлив и штедлив агрегат одлично ја извршува својата задача во Peugeot 301.

Моторот развива точно 100 коњски сили и најголем вртежен момент од 254Nm веќе на 1.750 вртежи, се одликува со угладена и тивка работа и остава впечаток дека се работи за посилен агрегат, бидејќи оптоварувањето со четири патници не му претставува проблем.

719d68ed0a8cc4ad1a698580188b581f35bb6cc5

Во однос на својот претходник, унапредениот 301 е полесен за 90 килограми (1.090кг), до стотка стигнува за 10,8 секунди, а максималната брзина изнесува 183км/ч.

Со своето потпирање кое е специјално прилагодено за лоша патна мрежа и засилените каросериски делови, ова возило како да е правено за македонските патишта.

Возачките перформанси се повеќе од многу добри и ги надминуваат декларираните вредности, а екстра момент е удобноста.

Peugeot 301 моделска година 2017, со својот стил, карактеристики и функции е наменет за купувачи кои посакуваат квалитетна и достапна лимузина.

Со одличните мотори и нови технологии моделот 301 е еден од најконкурентните автомобили во својата класа.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.