По првото полугодие годинава рускиот бренд се искачи на 50-ото место на светската продажна ранг листа на автомобили на ниво на Cadillac и MINI

1492451130_ndf_3036-1960x1080

Lada се наоѓа на 50-та позиција на светската продажна ранг листа на автомобили за првото полугодие годинава, објави Avtostat.

Од јануари до јуни годинава на светскиот пазар се продадени 149,5 илјади возила од марката Lada, што е за 11,8% повеќе од минатата година, што автоматски го позиционира рускиот бренд на 50-та позиција на светската продажна ранг листа на автомобили.

Најблиски соседи на ранг листата се Cadillac, Roewe, MINI и BYD.

1446812391_vesta_sedan_1

Компанијата за производство на моторни возила „АвтоВАЗ” марката Lada ја произведува од 1966 година.

Оваа номенклатура порано се користела само за автомобилите наменети за извоз, додека за домашните купувачи „Ладите“ се викаа „Жигули“.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.