Со неговите 900кс и 1.500 Nm сите сериски кабриолети му гледаат во издувните цевки

Clipboard

Brabus штандот на Автосалоните предизвикува стравопочит со бројките кои означуваат сила – 550, 650, 850, а сега и 900.

Тоа е новата ознака на кабриолетот базиран врз S класата на Mercedes, попрецизно врз S 65.

b17aa0253-1200x801

По обработката на Brabus V12 моторот е зголемен од стандардните 6.0 на 6.3 литри.

Интересен е податокот кој укажува дека максималната сила од 900кс се постигнува на ниските 5.500 вртежи, а камионскиот максимален вртежен момент од 1500 Nm е достапен при 4.200 вртежи.

b17aa0255-700x467

Силата се пренесува врз задните тркала преку 7-степен автоматски менувач, а од место до стотка овој болид пристигнува за 3,9 секунди и не застанува до максималните 350км/ч.

Brabus Rocket 900 Cabrio во однос на S 65 е понизок за 15 милиметри и има брзиномер изгравиран на 400км/ч. Светската премиера е закажана во Франкфурт.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.