Компанијата Shelby American најави производство на жесток болид кој бил наменет за 24 Часа Ле Ман, кој под сомнителни околности никогаш не пристигнал на таа трка

shelby 1

Во 1964 година Керол Шелби дал налог на своите проектанти да ја продолжат шасијата на една Daytona купе единица и добиениот поголем простор да се искористи за замена на стандардниот V8 мотор со поголем 4.7-литарски агрегат со голем блок, инспириран од NASCAR натпреварувањата.

shelby 12

Легендарниот Шелби планирал овој модел, кој се развивал во строга тајност, да го користи на следната 24 Часа Ле Ман трка, но камионот кој го превезувал на патот кон Франција имал стравотен судир, во кој тркачкото возило било уништено.

shelby 13

Опишаниот болид, меѓутоа, никогаш не бил заборавен, па така Shelby American денес гради шест примероци со идентични спецификации, кој ги поседувал несреќниот тркачки оригинал.

shelby 14

Возилото ќе биде погонувано со унапреден алуминиумски 427 агрегат со голем блок со сила поголема од 550кс и во пар со идентичен 4-степен мануелен менувач од тој период.

shelby 15

Првиот модел е прикажан на Rolex Monterey Motorsports Reunion во Лагуна Сека минатиот месец.

Повеќе вести од денес тука.

 

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.