Ferrari прославува 70 години од постоењето на брендот со 210-тиот примерок на Aperta

LaFerrari Aperta

На минатогодишниот Автосалон во Париз Ferrari го прикажа моделот LaFerrari Aperta, по цена од околу 3,5 милиони евра и ултра ограничена серија од само 209 единици.

Сепак, Италијаните сега дополнително одлучија да направат уште еден, 210-ти примерок.

LaFerrari Aperta2

Токму овој примерок на јавноста ќе биде претставен на 9 септември во Маранело, како дел од одбележувањето на 70-годишнината на Ferrari, а потоа ќе биде продаден на RM Sotheby’s аукција, со проценета цена помеѓу 3 и 4 милиони евра. Целиот приход ќе биде дониран во хуманитарни цели.

LaFerrari Aperta3

Да се потсетиме – за погон на LaFerrari Aperta се грижи комбинација на V12 бензинец и електромотор, со вкупна сила од 963кс и 900 Nm.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.