Од 01.09.2017 година сите нови модели ќе имаат потрошувачка на гориво и емисија изразени низ резултати на реални тестови

WLTP peugeot308-fuel

Од 1 септември 2017 година на територијата на ЕУ, наместо застарениот New European Driving Cycle (NEDC) тест за пресметување на потрошувачка на гориво кај новите автомобили, стапува на сила многу пореалниот Worldwide Harmonized Light-Duty Vehicles Test Procedure (WLTP).

Исто така, од 1 септември се применува и Real Driving Emissions (RDE) тестот, кој предвидува возење во вистински сообраќај во различни услови, со употреба на преносни инструменти, надополнувајќи ги на овој начин WLTP резултатите.

Накратко, лабораториските налази (WLTP) ќе се потврдуваат со оние од реалниот сообраќај (RDE).

Да прецизираме, од 1 септември 2017 година сите во потполност нови модели кои доаѓаат на пазарот би требало да имаат потрошувачка и емисија изразени низ резултатите на двата опишани теста.

Од 1 септември 2018 WLTP ќе стане едиствен тест и метода со која ќе се пресметува потрошувачката на нови автомобили на европскиот пазар, а од 1 септември 2019 за овие возила ќе се имплементира и RDE тестот.

PSA Peugeot Citroen и Opel веќе се пионери со новите методи, останатите ќе ги следат наскоро.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.