Таа е атрактивна, брза, прецизна и со своите возачки вештини често ги надминува колегите од посилниот пол

1

Милица Тикиќ е единствена дама која настапува во регионалното првенство Adria Drift Series.

Родена во Вршац, Република Србија, од мали нозе е заразена со високи октани, па не е ни чудо што татко и ја научил да вози автомобил со неполни 11 години.

2

Со обѕир на тоа дека Милица имала аспирации кон брзо возење, со дрифт започнува да се бави во 2014 година, а почетоците биле тешки.

Девојката се мачела со возило кое имало класична рачна сопирачка и слаб мотор, но сепак го упорно пробивала мразот, со настапите собирала искуство, па денес машките колеги ја гледаат со почит.

3

Нејзиното прво возило за дрифт било BMW E36 Compact, познато по уникатната пинк боја.

Милица со него станала популарна, но за посериозни остварувања и требал посериозен автомобил.

4

Набавува BMW серија 3 со V8 мотор, со него Милица остварува се подобри резултати, а не ја отфрлува ниту можноста за вградување турбо полнач.

Милица Тикиќ, најдобрата дрифтерка на Балканот, истакнува дека идол и е Karolina Pilarczyk од Полска, а голема желба и е да настапи на Queen of Europe.

5

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.