Помина точно половина век од кога италијанскиот бренд го претстави легендарниот модел 33 Stradale

1967 Alfa Romeo Tipo 33 Stradale

Импресивната линија на Alfa Romeo 33 Stradale, дизајнирана од Френк Скаљоне, креирана е на 31 август 1967 година, а претставена е на Ф1 Гранд При натпреварувањето во Монца.

Италијанската компанија продуцирала само 18 единици на овој автомобил, од кои пет биле претворени во концепт модели.

Денес не може со сигурност да се тврди колку од нив преживеале, но различни извори сепак потврдуваат дека пет или шест се уште во возна состојба.

Силата на овој легендарен автомобил доаѓа од дволитарскиот V8 мотор со две брегасти осовини.

Агрегатот се врти до небесните 10.000 вртежи во минута и развива 230кс.

Со тежина од само 700 килограми, Alfa Romeo 33 Stradale достигнува брзина од 100км/ч за само 5,5 секунди и максимална брзина од 260км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.