Кога автомобилот бил стартуван за прв пат во фабриката, околните жители се жалеле на полицијата за „монструозниот звук“ што го произведувал

phoca_thumb_l_06.-stratopolonez-andrzeja-jaroszewicza

во 1977 година во тогашната Народна Република Полска Andrzej Jaroszewicz, синот на полскиот премиер Piotr Jaroszewicz доживеал несреќа кога се натпреварувал во рели шампионат во неговата Lancia Stratos.

За среќа преживеал, но неговата Lancia, откако била забиена во дрво, повеќе не била во состојба да го продолжи шампионатот и ја испуштил титулата за европски рели шампион.

phoca_thumb_l_55.-stratopolonez-andrzeja-jaroszewicza

Истата година, новиот Polonez дизајниран од Gioretto Giugiaro and Walter de Silva почнал да се произведува во FSO Варшава.

Поради државното уредување во тоа време за нови автомобили имало листа за чекање од повеќе години.

Andrzej Jaroszewicz како директор на Центарот за истражување и развој на FSO предложил радикална идеја – спојување на Polonez и се што може да се спаси од Stratos-от во еден автомобил, кој би бил голема можност за популаризирање за новиот Polonez.

phoca_thumb_l_59.-andrzej-jaroszewicz-stratopolonez

Задачата за креирање на автомобилот била дадена на Центарот за истражување и развој на FSO.

Тамошните инженери започнаа со отстранување на задниот дел од автомобилот и на негово место бил ставен 2.4 литарскиот V6 изваден од хаварисаниот Stratos, заедно со неговата менувачка кутија.

Околу поставениот мотор инженерите креирале челичен кафез на место на постоечката каросерија за поголема цврстина.

S1-Insolite-la-StratoPolonez-ou-l-enfant-cache-d-une-FSO-et-d-une-Stratos-218672

Бидејќи задниот дел бил значително потежок отколку што беше предвидено, во предниот дел за баланс бил монтиран поголем радијатор од FSC (Fabryka Samochodów Ciężarowych) STAR камион.

Задните полумесеци биле проширени, со цел да ги покријат новите гуми широки 330мм, кои беа потребни за намалување на пролизгувањето на задниот дел, а сопирачките заедно со роторите и целиот систем за амортизација бил изваден од „Стратосот“ и монтиран во „Полонезот“.

strato

Влезната гранка и издувниот систем на 2.4 литарскиот V6 биле модифицирани, со што наместо фабричките 260 моторот сега произведуваше 285 коњски сили.

На надворешноста на автомобилот биле креирани отвори за вентилација на возачот и моторот, а наместо фабричкиот спојлер од 2000 Group B rally Polonez верзијата автомобилот од аеродинамични додатоци имаше само преден спојлер, кој служи за зголемување на количината на воздух што оди во радијаторот.

Интересен факт е што кога автомобилот бил запален за прв пат во фабриката, околните жители се жалеле на полицијата за “монструозниот” звук што го произведувал.

5248793_stratopolonez

Автомобилот бил во развој година дена поради бирократијата и недостаток од ресурси и алати, и бил завршен во есента 1978 година.

По креирањето на автомобилот и откако биле завршени сите модификации, било утврдено дека има екстремна дистрибуција на тежина наклонета кон задната страна, поради поголемиот мотор.

Комбинирано со остра реакција на педалата за гас и недостаток од соодветна геометрија на суспензијата бил исклучително тежок автомобил за контролирање и склон кон превиткување на шасијата, поради додадената тежина и пролизгување на задниот дел.

5248854_stratopolonez

Поради брзањето за неговото учество и деби на последната елиминациска рунда од Полскиот Автомобилски Шампионат во 1978 во Кјељце, на автомобилот претходно не биле извршени никакви тестови, па дури ни подесувања.

Бил прикажан на светот како нова тркачка верзија – Polonez 2500 Racing, но подоцна го добива прекарот Stratopolonez. Интересен е фактот што на неговата прва трка со Andrzej Jaroszewicz зад воланот автомобилот се извртил 3 пати, но сепак ја завршил трката на прво место.

Победата на оваа трка се должела на фактот што немало еднаква конкуренција.

Максималната измерена брзина на автомобилот изнесувала 200-230 км/ч во зависност од подесувањата, а забрзувал од 0-100 за 6 секунди.

7177861_orig

„Стратополонезот“ продолжил и понатаму да се натпреварува се до 1985 година возен од Andrzej Jaroszewicz, Adam Polak, Maciej Stawowiak и Marian Bublewicz.

Во текот на неговото постоење биле извршени неколку модификации, како зголемување на гумите на 350мм и зацврстување на деловите околу ветробранот.

Конкуренцијата на овој автомобил биле други спортски прототипови и професионално изработени верзии на обични автомобили, меѓу кои биле и Porsche 911, Renault 5 Turbo и Opel Kadett GTE.

Но, покрај успехот на Stratopolonez-от во голем број натпревари, поради недостаток на ресурси направен е само еден примерок, кој до 2008 се наоѓал во Музејот на Техника и Индустрија, а моментално е во Музејот на моторизација во Варшава.

Прикажан е и во полскиот серијал Legendy PRL.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.