По повеќе од две години од првата најава TVR, во соработка со Cosworth и Гордон Мјуреј, го претстави својот нов модел

01 TVR-Griffith-2019-infographic

По повеќе од две години од првата најава дека ќе се врати на светската сцена, TVR во соработка со Cosworth и Гордон Мјуреј, на изложбата Goodwood Revival Earls Court конечно го претстави својот нов модел.

TVR-Griffith-2019-1024-03

Новиот TVR Griffith е придвижуван од 5.0-литарски V8 Cosworth мотор со околу 480кс, во пар со 6-степен мануелен Tremec менувач.

TVR-Griffith-2019-1024-06

Во конструкцијата се користени челик, алуминиум, јаглеродни влакна и лесни композитни материјали, а резултат е тежина од 1.200 килограми.

TVR-Griffith-2019-1024-07

Од место до брзина од 60 миљи на час (96км/ч) TVR Griffith забрзува за помалку од 4 секунди и постигнува максимална брзина од 200 миљи на час (322км/ч).

TVR-Griffith-2019-1024-08

TVR планира прва Launch Edition серија од 500 примероци, со цена од 90.000 фунти. По купе варијантата, следува и кабрио верзија.

TVR-Griffith-2019-1024-09

Производството стартува при крајот на 2018, додека првите испораки се планирани за почетокот на 2019 година.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.