Редакцијата на „Високи Октани“ сериозно размислува да воведе нова категорија на сајтот која ќе се вика „Морон на денот“

Jaguar-E-Type-Nissan-370Z-Lights-2

Фотографиите на ова чудно возило ни доаѓаат од Квинсленд, Австралија, а ние се прашуваме што и дали воопшто имал нешто во главата сопственикот на ова возило кога се решил да направи вакво „чудо“.

Малку автомобили на светот имаат статус на икони, како што има легендарниот Jaguar E-Type.

Jaguar-E-Type-Nissan-370Z-Lights-1

Производството на овој култен автомобил започна во 1961 година, а денес е еден од најбараните возила во светот. Сепак, моделот на сликите привлекува внимание заради сосема други, бизарни причини.

Од фотографиите јасно се гледа сопственикот на овој модел во него вградил предни и задни светлосни единици од Nissan 370Z.

Jaguar-E-Type-Nissan-370Z-Lights-3

Не е прецизирано дали станува збор за оригинално возило или реплика, но во секој случај оваа „доработка“ никако не се вклопува во линиите на, за многу луѓе, најубавиот автомобил на светот.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.