Монтоја во Bugatti Chiron постави нов Гинисов светски рекорд во забрзување од 0 до 400км/ч и сопирање до 0км/ч

Chiron Montoya 3

Хуан Пабло Монтоја во Bugatti Chiron постави нов Гинисов светски рекорд во забрзување од 0 до 400км/ч и сопирање до 0км/ч за сериски возила.

Да прецизираме, етапата 0-400-0км/ч Chiron ја одработи за 41,96 секунди, за што му беше потребно 3,112 километри пат.

Chiron Montoya

За забрзувањето од 0 до 400км/ч се „потрошени“ 32,6 секунди и 2,621 километри, а интересен е фактот што 41-годишниот Монтоја при соборувањето на рекордот не носеше ниту тркачки комбинезон, ниту кацига.

Chiron Montoya 2

Bugatti наведува дека ова претставува прв чекор кон нивниот нов брзински рекорд за продукциски возила најавен за 2018 година.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.