Комбинираната сила на ова чудовиште изнесува 1.086кс, со overboost 1.134кс, а има тежина од само 1.300 килограми!

21559083_1654930511197918_8292039047344347301_n

На новинарите на Автосаемот во Франкфурт Mercedes-AMG официјално го претстави својот хиперавтомобил Project One, направен во чест на 50-годишнината на AMG.

Хиперавтомобилот на Mercedes-AMG располага со технологија од „Формула 1“ и ќе биде легализиран за возење по цивилни патишта.

Попрецизно, болидот вози со 1.6-литарски V6 турбо мотор од Ф1 болид, кој располага со 603кс при 11.000в/мин и 4 електромотори, 2 напред и 2 позади.

live-photos-mercedes-amg-project-one-looks-like-a-bugatti-rival-in-frankfurt_3

Погонот е на сите тркала, а тука се и литиум-јонските батерии и автоматизираниот мануелен 8-степен Xtrac менувач.

Комбинираната сила на ова чудовиште изнесува 1.086кс, со overboost 1.134кс, а можно е и возење само на струја.

Mercedes-AMG имаше за цел ова ултимативно возило да го задржи на „помалку од 1.300 килограми тежина“.

Од место до 100км/ч забрзува за помалку од 3 секунди, до 200км/ч пристигнува за само 6 секунди и не застанува до максималните 350км/ч.

Серијата е ограничена на само 275 единици и сите се веќе продадени.

Првите испораки на купувачите започнуваат од вториот квартал 2019 година, а цената за овој Ф1 легален болид изнесува 2.275.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.