За Автосаемот во Франкфурт Ford подготви повеќе интересни автомобили, помеѓу кои е и Ford Mustang моделска година 2018

Ford-Mustang_Convertible_EU-Version-2018-infographic

За Автосаемот во Франкфурт Ford подготви повеќе интересни автомобили, помеѓу кои се и Ford GT ’67 Heritage Edition, EcoSport facelift и EcoSport ST-Line, Tourneo facelift, Ranger Black Edition и европската верзија на рестилизираниот Mustang од шестата генерација.

Пред се, измените на 2018 Mustang во однос на досегашната верзија се однесуваат на новите предни светлосни единици и браник, поширок грил, дотерана хауба, како и задните светлосни единици и дифузерот. Алуминиумските тркала се со нов дизајн, а на располагање се и нови бои.

Стандардната опрема сега е уште побогата, а унапредена е и безбедноста за возилото да може да го поправи својот резултат на EuroNCAP тестот. Потпирањето и управувањето се исто така унапредени.

Освен Mustang GT со 5.0-литарски V8 мотор со 450кс, во понуда ќе биде и 2.3-литарски EcoBoost турбо мотор со 290кс, а покрај мануелниот 6-степен менувач, на располагање ќе биде и 10-степен автоматски менувач.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.