Непосредно пред почетокот на продажбата на своите први SUV/crossover модели, Borgward дојде во Франкфурт со многу интересен концепт

01 Borgward-Isabella_Concept-2017-infographic

По неколку најави минатите месеци, пред нас е конечно Borgward Isabella концептот, модерна интерпретација на истоимениот модел, кој се произведуваше од 1954 до 1961 година.

Возилото го привлекува вниманието со својот футуристички дизајн и димензии, како и со „револуционерниот ентериер“.

Isabella се движи со два електромотори со вкупна сила од 300кс, до брзина од 100км/ч пристигнува за 4,5 секунди и развива максимална брзина од 250км/ч.

Приклучена на брз полнач полни 80% од батерискиот капацитет за 30 минути, а домет со едно полнење и е до 500 километри.

Што се однесува до сериските модели, во последниот квартал годинава Borgward планира на германскиот пазар да ги понуди Borgward BX7 TS Limited Edition, потоа BX7, BX5 и BX6.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.