По обновениот Aventador S, на Автосалонот во Франкфурт Lamborghini го промовира и Aventador S Roadster

live-photos-lamborghini-aventador-s-roadster_1

Најзначајните визуелни промени кај Aventador S Roadster подразбираат дотеран аеродинамичен пакет, поагресивен преден дел, заден дифузер во SV стил и нов издувен систем 20% полесен од претходниот.

Управувањето на четири тркала возилото го прави поагилно при мали и средни брзини и постабилно при повисоки.

Како дел од пакетот се и новите Pirelli P Zero пневматици со унапредена управливост и тракција, тркала од 20 и 21 инчи, сериски карбон-керамички сопирачки, нова дигитална инструмент табла, како и засилен 6.5-литарски мотор.

V12 агрегатот сега развива 740кс, додека максималниот вртежен момент останува на 690Nm. Забрзувањето од место до брзина од 100км/ч изнесува 3 секунди, а најголемата брзина изнесува 350км/ч.

Испораките на Lamborghini Aventador S Roadster ќе започнат во февруари следната година, при што неговата цена на европскиот пазар започнува од 313.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.