Една од најголемите препреки за поширока примена на самовозечките автомобили во секојдневниот сообраќај е и прашањето на одговорноста при евентуални сообраќајни незгоди

volvo-s90-vs-audi-a6-front_126_800

Една од најголемите препреки за поширока примена на самовозечките автомобили во секојдневниот сообраќај е и прашањето на одговорноста, попрецизно за тоа кој би бил одговорен и кој би ги сносел последиците доколку возилото во самовозечки начин на работа доживее/предизвика сообраќајна несреќа.

По Volvo, Audi стана втор автомобилски произведувач, кој јавно објави дека во потполност ќе ја преземе одговорноста за секоја сообраќајна несреќа и последиците за сите несреќи кои би ги предизвикале нивните автомобили со ниво на самовозење 3 и повеќе, додека се во самовозечки мод на работа.

Како сето ова ќе изгледа во пракса, уште не е сосема јасно, особено кај евентуалните потешки сообраќајни несреќи каде би имало и смртни последици.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.