Во морето електрични „косилици“, автономни роботи на тркала, психоделични концепти и автоматика, конечно еден спортски автомобил за вистински автоентузијасти – рачен менувач, 500кс и мирис на бензин

live-photos-new-porsche-911-gt3-touring-package-is-a-no-cost-option-911-r-clone_3

Со овој брилијантен потег Porsche одговори на потребите на пазарот, кој во морето на автоматизација, автономно возење и електрични возила, просто вришти за спортски автомобил за автоентузијасти, за кои самото возење претставува уживање, а не само обичен превоз.

Porsche 911 GT3 Touring Package е модел со 4.0-литарски атмосферски мотор со сила од 500кс, кој во однос на стандардниот GT3 нема голем спојлер позади и наместо автоматскиот PDK менувач доаѓа исклучиво со рачен менувач.

Од место до стотка забрзува за 3,9 секунди, а максималната брзина изнесува 316км/ч, што е за 2 км/ч помалку од GT3.

Исто така и во внатрешноста Porsche создаде софистицирано работно место за класични автоентузијасти – вистинска кожа наместо трендовската алкантара, а управувачот е исчистен од купот прекинувачи.

Надворешниот изглед (освен спојлерот) е скоро идентичен со GT3, а интересно е и тоа што и цената е идентична. 911 GT3 Touring ќе може да се купи за околу 152.000 евра (цена во Германија), што е многу подобро од ненормално високите половина милион евра за до неодамна продаваниот 911 R.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.