Луис Хамилтон во Mercedes победи на ГН на Сингапур, додека неговиот лут ривал Себастиан Фетел во Ferrari мораше да се откаже по троен судир во првиот круг

21752129_10155013699020745_1989275716782919252_n

По десет години во Сингапур дождлива трка, лизгава патека и веднаш по стартот троен судир – Фетел, клубскиот колега Раиконен и Макс Ферштапен.

Сите тројца се откажуваат, а неочекуваниот подарок го користи Луис Хамилтон, кој стартуваше од петтата позиција.

Во новонастанатата ситуација Луис лесно поентира до крајот, победува и го зголемува вкупното водство.

21751744_1655288857828265_5688938175438615939_n

Хамилтон ја прослави својата 60-та победа во кариерата и седма сезонава, а покрај него на подиумот се искачија и Дениел Рикиардо (Red Bull) и Валтери Ботас (Mercedes).

Во вкупниот поредок води Хамилтон со 263 бодови, Фетел остана на 235, додека Ботас е трет со 212.

Следната трка е ГН на Малезија во Сепанг за две недели.

Lewis Hamilton

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.